Вести Македонија

Две лица повредени во пукање во Ченто во инцидент по сообраќајна незгода

На 10.09.2022 во 16.00 ч. во СВР Скопје Б.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ во близина на црквата имало пукање и повредено лице од огнено оружје.

Полициски службеници веднаш излегле на местото при што било констатирано дека околу 15.45 часот, по претходна сообраќајна незгода на истата локација помеѓу патничко возило „фолксваген туаран“, со скопски регистарски ознаки,  управувано од пријавителот и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Б.К.(20) од Скопје, настанала вербална расправија и физички напад, по што Б.Ј.(34), кој според пријавaтa бил сопственик на возилото „сеат“, извадил пиштол, кој испукал при обид да му биде одземен, при што со повреда во ногата се здобил Б.Ј., брат на пријавителот, кој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош.

Известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе