Вести Македонија

Договорот со Бугарија е црвена линија за ДУИ- Ахмети за референдумот

Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се почитува и да се спроведува. Ова е црвената линија на ДУИ, исто како и Охридскиот и преспанскиот договор, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, за укинување на Договорот со Бугарија. Ахмети рече дека од овие договори зависи иднината на земјава.

-Ние имаме црвени линии. Да се почитуваат постигнатите договори, договори кои и обезбедија на земјава членство во НАТО, договори кои и обезбедија на земјава отворање на преговори за членство во ЕУ и враќање назад нема, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ веќе го исполни првиот чекор за референдум со прашање за граѓаните, дали се за поништување на договорот со Бугарија од 2017-та година, за кој сметаат дека е причина за проблемите со ткнр. француски предлог.

Ахмети рече и дека ДУИ нема проблем со вметнувањето на Бугарите во Уставот како и дека се отворени за разгледување и прифаќање на идејата за бришење на уставниот поим “20%”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе