Вести Македонија Топ вести

Скратени по 1000 денари на корисниците на гарантираната минимална парична помош

Корисниците на гарантирана минимална парична помош за јули не го добиле додатокот од 1000 денари.

Се работи за корисници кои стекнале ваква помош по основ на старост или немаат приходи, по друг основ. Во врска со овој проблем, повеќемина од нив побарале правна помош од адвокат.

„Кај мене дојдоа клиенти со молба дека им се скратени 1000 денари, без воопшто да им се достави било што . Значи, да им се достави одлука  зошто им е намален износот на гарантирана парична помош“ – вели адвокатката Емина Реброња – Радоњиќ.

Според Реброња- Радоњиќ без одлука за кратењето на гарантираната минимална помош не може да се поднесе жалба или да се превземе друг правен лек.

Таа ги посоветувала да достават барање до социјалните установи за да им се одговори по кој основ им е скратен додатокот.

За 1000 денари е намалена  гарантираната минимална парична помош и на лицата со попреченост.

Од Коалицијата Менуваме која ја застапува оваа категорија граѓани прашуваат каква е таа одлука и зошто не е објавена на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика.

„Дали оваа одлука е со желба да се создаде поголема социјално – економска сиромаштија во услови на пандемија и енергетска криза?“ – соопштија од Коалицијата Менуваме.

Од Коалицијата најавија дека случајот ќе го пријават  во канцеларијата на Обединетите нации во земјава, до ОБСЕ, делегацијата на ЕУ и во други институции.

Тие бараат објаснување од МТСП за настанатата ситуација.

А, од Министерството за труд велат дека правото на гарантираната минимална парична помош со остварување на паричен додаток од 1000 денари важело за време на вонредната состојба со пандемијата, конкретно до 30 јуни годинава.

Но,од почетокот на грејната сезона, од октомври до март следната година корисниците на минималната парична помош повторно ќе го добиваат додатокот од 1000 денари, дополнуваат од МТСП.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе