Вести Македонија Топ вести

На идните студенти на УКИМ им се бараат изјави дека не се пријавиле на други универзитети во земјава и странство

Од идните студенти на Универзитетот „ Свети Кирил и Методиј“, се бара да потпишат изјава со која се обврзуваат дека не се пријавиле за студирање на други универзитети во земјава или странство, дознава Телма.

Матурантите кои се пријавиле, тоа треба да го гарантираат во изјавата под целосна морална, материјална и кривична одговорност.

Покрај оваа, од идните студенти се бара да потпишат изјава дека доколку бидат примени на факултет, нема да ги бараат оригиналните свидетелства од завршеното средно образование најмалку три месеци.

Потпишувањето на ваквите изјави, е спротивно на Законот за високо образование и конкусот објавен од УКИМ за студентите во прва година во претстојната учебна 2022/2023 година.

За случајот е известен Државниот просветен инспекторат кој од вчера започнал вонреден инспекциски надзор во десетина факултети при УКИМ.

„Ние утврдивме дека од страна на овие факултети каде ние извршивме надзор  се бараат тие две изјави да се потпишат. За колку или какви студенти, ние сеуште не сме утврдиле поради тоа што предметот е обемен. Надзорот е обемен и ќе продолжи понатаму. Не е завршен . Ние ќе дадеме повеќе констатации и за истите ќе бидете известени кога надзорот ќе заврши“ – вели Адријан Муслиу, директор на државниот просветен инспекторат.

Од Одделението за настава при УКИМ велат дека барањето за потпишување вакви изјави е со цел да се обезбеди рамноправност при конкурирањето на факултетите за запишување во државна квота, особено за студиските програми за кои има поголем интерес, но и дека тоа не се однесува на паралелното студирање кое е под друг правен режим.

„По воведувањето на вонредната состојба , заради заштита на здравјето на студентите од пандемијата, се промени востановената практика за доставување оригинални документи преку електронско пријавување, со приложување на документацијата во скенирана форма, со што се усложнува целата постапка за правичност во рангирањето на студентите  во соодветните квоти. Со тоа се отвори теоретска можност кандидатите да се запишат во државна квота на повеќе државни универзитети, што од друга страна значи ускратување на правото за рамноправност на други студенти да се запишат во државна квота  на саканиот факултет“ – соопшти одделението за настава при УКИМ.

А, враќањето на документите на запишаните студенти во рок од три месеци е воведено поради потребата од обработка на обемната документација и ограничените административно- технички капацитети на факултетите.

По обработката на документацијата, таа им се враќа на студентите, дополнуваат од УКИМ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе