Вести Македонија Топ вести

Ковачки прогласи двојна победа во Тетово и пораз на СДСМ и ДУИ, барајќи предвремени избори во државата

Драган Ковачки, пратеник во Собранието и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, преку објава на Фејсбук, прогласи, како што напиша, двојна победа на денешните избори за членови на Советот на општина Тетово.

Тврди дека ВМРО-ДПМНЕ води со однос 2:1 во бројот на освоени гласови пред СДСМ, додека нивниот коалиционен партнер во Тетово, партијата Беса исто така има убедлива предност пред ДУИ.

„Криминалната коалиција СДСМ-ДУИ убедливо е поразена во Тетово. Власта е делигитимирана во Тетово“ – напиша Ковачки, порачувајќи им на Ковачевски и Ахмети дека неопходни се и предвремени парламентарни избори, на кои според него, резултатите од Тетово ќе се пресликаат во цела Македонија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе