Вести Македонија Топ вести

Ковачевски во центар Жупа прогласи победа на кандидатот на владината коалиција, Аријан Ибраим

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва, по затворањето на гласачките места и завршување на вонредните локални избори за градоначалник ги посети граѓаните на Центар Жупа. Во оваа општина веќе се прославува извесната победа на кандидатот за градоначалник од владината коалиција, Аријан Ибраим.

„Заедно со граѓаните сакам да ја честитам победата на Аријан Ибраим за градоначалник на Центар Жупа. Граѓаните на Центар Жупа со својата одлука потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец по кој треба да се движи општината но и државата. Граѓаните го поддржаа кандидатот на владејачката коалиција, предложен од ТДП, Аријан Ибраим . Беа победени сите оние деструктивни сили кои сакаа изборите во Центар Жупа да не успеат. Граѓаните знаат дека изборот на градоначалник значи понатамошен развој на општината, понатамошно инфраструктурно развивање на општината и затоа го направија вистинскиот избор, а тоа е Аријан Ибраим.“ рече Ковачевски во обраќањето од Центар Жупа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе