Вести Македонија Топ вести

Утре се одржуваат избори во три општини

За 10 месеци, две општини на локално ниво гласаат три пати, а една „само“ два пати. Избраните ќе имаат скусен мандат од нешто повеќе од 3 години.

Тетово утре треба да добие нов Совет. 84 илјади запишани гласачи може да бираат од советничката понуда на 11 партии и две листи на група избирачи. Според Д`Онтовиот и пропорционалниот модел, треба да се изберат 31 советник. Општината два месеци работи без Совет. Пред два месеци Владата го распушти Советот што беше избран на редовните Локални избори лани во октомври поради ненавремено усвојување на завршната сметка на општината.

Центар Жупа и Маврово-Ростуше овој период имаат владини повереници наместо градоначалници. Ниту во октомври ниту на повторените избори во април, немаа успешни избори поради одѕивот. Се надеваат на „трета среќа“ бидејќи е сезона на одмори па голем дел од иселениците се дојдени дома. На гласање треба да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи: во едната општина тоа значи околу 3 илјади 300, а во другата 2 илјади 400 жители. Во Жупа практично и нема изборна трка бидејќи е пријавен само еден кандидат, додека во Маврово-Ростуше се двајца.

Ден порано, гласаат 93 болни и изнемоштени, како и  94 затвореници и притвореници. Целата постапка на гласање овие два дена ќе ја набљудуваат 49 акредитирани лица од една домашна и една странска организација.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе