Вести Македонија Топ вести

Скопски комуналец стана „Шкуп Стори“ на „Фејсбук“ а разрешениот директор стана помошник директор

„Шкуп Стори“ или „ Комунална хигиена – Скопје – ЈП“. Која е вистинската страна на скопски Комуналец на социјалната мрежа „Фејсбук“. Точниот одговор, барем како што велат од Јавното претпријатие е ниту една бидејќи тие немаат официјална страна на социјалната мрежа.

До пред дваесетина дена,скопски Комуналец имаше официјална страна на социјалната мрежа „Фејсбук“ и таа гласеше „ЈП Комунална Хигиена“ на македонски и на албански јазик. Со еден клик на стариот линк социјалната мрежа ве носи на страната на која некој во меѓувцреме и го сменил името и која сега гласи „Шкуп Стори“.

Ако малку подетално се разгледа страницата „ШкупСтори“ каде што јасно пишува дека е официјална страна и го има логото на компанијата се забележува дека последната информација е објавена на 6 август а е креирана во март .

Од скопски Комуналец објаснуваат дека директорката Мазнева не одобрила промена на името и дека за неа се задолжени од секторите за односи со јавност и за информатичка технологија. А администратори се повеќе лица.

Администратори на фан страната се вработени во Комунална хигиена Скопје (КХС), меѓу кои и дел од оние на кои им беа прекинати договорите за вработување, одговорија од КХС.

Останува нејасно како веќе со денови со „Фејсбук“ страница на Јавно претпријатие во државата раководат лица кои ниту се овластени ниту се вработени во оваа компанија и зошто никој не реагира.

Интересно е и што екс директорот Зуди Ензузи кого скопската градоначалничка Данела Арсовска го разрешни заради инцидентот кој го предизвика неговиот брат за време на протестите во Скопје, сега е неколку канцеларии подолу во ходникот на управната зграда и ја извршува функцијата помошник на директорот во Комунална хигиена Скопје.

Градоначалникката Арсовска за директор на Комунална хигиена ја назначи Косана Мазнева која пред петнаесетина им врачи отказ на 33 вработени, меќу кои се и администраторите, бидејќи со месеци и години земале плата, а не оделе од работа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе