Вести Македонија Топ вести

Никола Јанкуловски: Колку се посилни нападите и навредите на адреса на јазикот, толку сме поисправени во неговото институционално негување и развој

Со учество на 60 семинаристи од 17 земји од светот, што е рекорден број во последниве години, денеска во Охрид започна 55 Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Ова е доказ за интересот за изучување на нашиот јазик, литература и култура, рече ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски на отворањето. Според него, по 3 години на семинарот се вратиле македонсти од Романија , присутни се од САД и Јужна Кореја , а расте интересот за изучување и во Грција. Во иднина македонистиката ќе биде предмет и на универзитетите во Австрија, Германија и Италија. Но, Бугарија не го признава македонскиот јазик. Во тој контекст, ректорот на УКИМ кажа дека колку се посилни нападите кон македонскиот јазик, толку сме поисправени во неговото институционално негување и развој .

Чекориме исправено по стапките на Конески и колку се посилни нападите , колку се пониски навредите упатени на адреса на македонскиот јазик, литература и култура, толку сме поисправени како високообразована и научна институција која што го негува и развира  македонскиот јазик, литература и култура која што образува кадри на македонски јазик, вели Никола Јанкуловски – ректор на УКИМ.

Побогати сме за 1000-ци промотори на македонскиот јазик и културни амбасадори на Македонија низ светот. Се додека има говорници на еден јазик тој ќе постои, кажа претседателот Пендаровски.

Се додека постоиме и говориме на македонски, ниту една негација, фуснота, забелешка или што и да е, не ќе може да ја прикрие вистината. Сите ние кои ги изговараме македонските зборови сме гарант за неговото постоење и сила. Ниту еден документ , деклација, изјава , не можат да обезбедат постоење  и траење на еден јазик ако не е жив, истакна претседателот Стево Пендаровски.

Цитирајќи го Кристе Петков Мисирков, директорката на МСМЈЛК , Весна Мојсова Чепишевска кажа дека сме должни да го сакаме нашиот јазик зашто тој е наша татковина. Жилави сме и не се откажуваме од таа приказна, дополни Мојсова- Чепишевска.

На отворањето беа промовирани Зборникот од ланското издание на Летната школа и второто, допонето издание на три учебници за изучување на македонскиот јазик за странци. Летната школа на Меѓународниот семинар ќе заврши на 2 септември.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе