Вести Македонија

Аца Лукас сепак ќе пее пред граѓаните на Крива Паланка

Естрадизација на културата или избор на граѓаните на Крива Паланка ? Иако Министерството за култура нема да го подржи фестивалот JOY FEST поради учеството на српската турбо- фолк ѕвезда Аца Лукас,  пејачот ќе настапи пред граѓаните на Крива Паланка. Градоначалникот Сашко Митовски вели дека пејачот нема да настапи на 27 август , на JOY FEST , туку ден подоцна, на Денот на рударите и дека за неговиот настап локални компании издвоиле 15 000 евра, а тој доаѓа на барање и во консултации со граѓаните на Крива Паланка.

Тука не е во прашање личниот вкус . За вкусови не се разговара , дали на Вас или на мене лично ми се допаѓа . Туку во прашање е мислењето и гласот на луѓето, вели градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

На прашањето на Телма дека името на турбо- фолкерот е на плакатот за JOY FEST, градоначалникот Митовски рече дека пропагандниот материјал има грешка зашто програмата неколкупати претрпела измени заради датумите на изведувачите кои требало да се искординираат.

Од Министерството за култура велат дека средставата за 9 издание на JOY FEST во висина од околу 2500 евра ќе бидат стопирани бидејќи во одобрената апликација биле наведени други изведувачи, а не познатиот турбо- фолк пејач.

Организаторите на фестивалот годинава добија 153 000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделени области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо- фолк пејач  во програмата , тие нема да ги добијат овие средства, велат од Министерството за култура.

Годинава, предност при поддршката имаа проекти кои промовираат култура, посебно на домашните уметници, дополнуваат од министерството. Но, градоначалникот на Крива Паланка демантира дека при аплицирањето биле наведени други изведувачи.

Во културната понуда што ја имаме дадено на 27 (август) ни се исклучиво македонски артисти. На 28 (август) кога е празникот на рударите и празникот на градот , е со артисти од Ју просторите, додава Митовски.

Подршката од Министерството за култура е минимална во однос на целокупната финансиска конструкција за повеќедневниот настан, со кој по 2 години пауза заради корона кризата сакаме да го вратиме духот на градот, дополнува градоначалникот Митовски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе