Пандемијата со коронавирусот можеби осцилира, но слабостите во тендерите поврзани токму со кризата со Ковид-19 продолжуваат да се одвиваат по права линија со сите можни слабости на ризици од корупција и судир на интереси. Ова го утврди анализата на Центарот за граѓански комуникации во која се опфатени 52 проценти од сите 77 јавни набавки за ковид-19 од 1 јули до 31 декември лани, со вредност од 1,2 милиони евера, од вкупо потрошените 4,1 милион евра на сите ковид тендери.
Она што може да се види може да се каже дека отсуствува една генерална политика…. Да бидат сосема различни. Тоа се коси и со смата здрава логика, вели Герман Филков, претседател на Центар за граѓански комуникации.
Анализата утврдила дека проценетите вредности на набавките и натаму се многу повисоки од цените добиени на тендерите, што според нив упатува на ризикот од намерно оставање простор за склучување договори по повисока вредност за да има доволно пари и за корупција. Притоа најголемите разлики во цените, дури и до 500 проценти од пазарните цени, се констатирани кај оние набавки каде има или останал само еден или двајца понудувачи на тендерот.
Па така за антиген тест за ковид, во ист временски период Центарот за јавно здравје од Прилеп набавило 1.100 тестови по 420 денари по парче, Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид 1.500 теста по 141 денар по парче, додека Институт по белодробни заболувања кај децата во Козле набавило 1.000 тестови по 118 денари по парче.
Сличен е примерот и со неколку институции кои набавувале маски Н95, пришто две институции кои набавувале идентичен број маски – 13.000, не платила иста сума за нив. Па така Министерството за одбрана за една масак платило 2.7 денари, а Универзитетската клиника за очни болести Скопје 8 денари по парче. Одбрана за набавката на маските добило 11 понуди, а Клиниката за очни болести шест.
Но ако разликата во проценетите и добиените цени можат да се објасни со побарувачката и бројот на јавени набавувачи на тендерот, логичното објаснување за постигнати идентични суми на проценетата и на понудената вредност, во некои случаи идентични до денар, е претходен договор во четири очи.
Еден од најголемите проблеми… да имаат предност на тој тендер, додава Филков.
Она што, според него, може да доведе до надминување на незаконското договарање на сумите во четири очи е објавување на вредноста на набавката со распишување на тендерот.
Ангажирањето надворешни лица и фирми за спроведување на јавните е пак новиот тренд кој ги зафати ковид јавните набавки, а кој станува се почест. Во анализата за овој „феномен“ се наведува дека освен што нема јасни објаснувања од институциите зошто се ангажираат надворшени лица и фирми за проведување на тенедерот, ниту по кои критериуми тие се избираат, тие немале никакво посебно позитивно влијание на тендерскиот процес. Притоа констатирано е само дека ангажирањето на надворшените лица носат високи ризици од судир на интереси и корупција, за што под итно треба да се преземат, дури и законски мерки за да се регулира ангажирањето надворешни лица или фирми за спроведување на јавни набавки.
Инаку меѓу тендерите поврзани со ковид кризата, а кои тешко се поврзуваат со неа има и набавка на службено патничко возило со кожен волан, шест звучници и металик боја.
Тамара Грнчароска