Вести Македонија

Набаваката на огревно дрво главна преокупација на штипските пензионери

Околу 300 штипски пензионери одлучиле да набават дрва по повисока цена за 700 денари, откако Здружението на пензионери се откажа да биде посредник при плаќањето и набавката на огревно дрво меѓу членовите и приватните добавувачи. Претседателот на Здружението на пензионер, Ристе Нетков за Телма вели дека парите им се враќаат на пензионерите и сега тие директно разговараат со добавувачот.

Во моментов цената на дабот е 4.200, а на буката е 4.100 денари. По оваа цена ги добиваат огревните дрва. Имаме информации дека дрвата се испорачуваат на нашите членови, кои ги прифатија овие цени. Ни, минатата недела  имавме и состаноци  со добавувачите и со директорот на Национални шуми, добивме информација дека набавката на огревно дрво оди преку приватните добавувачи, вели Ристе Нетков претседател на Здружение на пензионери-Штип.

Штипските пензионери велат дека ќе имаат тешка и неизвесна зима. Двоцифрената инфлација им удира врз скромниот домашен буџет. Зголемените цени на лебот, струјата, горивата, прехранбените производи ги прави уште посиромашни. Категорични се дека оваа есен нема да спремаат зимница и традиционалниот македонски ајвар.

Во земјава има над 320.000 пензионери, само 0,8 отсто од низ земаат пензија од 40.000 до 54.000 денари. Секој петти пензионер во земјава има пензија од 12.000 денари, штипските пензионери кои работниот век го поминале низ конфекциите имаат скромни, минимални пензии. Сметаат дека јазот меѓу сиромашните и богатите се продлабочува, а дополнително ќе го почуствуваат и по 15 август, кога завршуваат колективни одмори на работниците во конфекциите, а  штипските пекари во овој период најавија зголемување на цената на лебот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе