Вести Македонија

На Шар Планина секојдневно никнуваат мини депонии

Наместо поголема заштита со добивањето статус Национален парк, природата на Шар Планина се повеќе се уништува. Членовите на планинарските друштва секојдневно се сведоци на мини депонии во срцето на планината. Во период кога планинарството станува модерно, свеста на посетителите е на најниско можно ниво, па зад себе го оставаат отпадот кој го носат од градот. Снежана Новаковска од ПК Тетекс вели дека што поскоро мора да има ренџери кои ќе изрекуваат казни за ваквите случаи.

Александар Стојановски од Планинарскиот клуб Јелак вели дека на Шар Планина се отворија многу патишта низ шумите, па наместо пешачење по неколку часа за искусни планинари, сега планината е многу подостапна и за излетници, кои немаат свест за заштита на животната средина, а се движат и со возила.

Инаку Министерството за животна средина и просторно планирање се пофали на официјалната страница дека се споведуваат активности за чистење на диви депонии во полошко и на Шар Планина.

Според министерот Насер Нуредини повторното појавување на „диви депонии“ може да се спречи ако општините, согласно Законот за управување со отпад, обезбедат собирање и транспорт на комуналниот отпад, вклучително и изолираните населби.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот на матичен гинеколог и редовните прегледи се клучни за женското здравје

Дејан Дејан

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе