Вести Македонија Најважни

Авторите под притисок на Договорот за добрососедство

Наместо појаснување дали и на кој начин Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија ќе влијае врз нивната работа и творење, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на уметниците и писателите во изјава за „Глас на Америка“ им порача – орасположете го народот и ослободете се од историјата.

Да се твори во духот на она што ќе го орасположи народот и публиката, а не што народот повторо ќе го врати назад во едни мрачни времиња, каде што навистина не видовме ништо добро. Секом филм кој што ќе ја промовира макеондскта култура, која што ќе го промовира македонскиот индивидуалитет – какви сме ние како Македонци, би требало да ја има поддршката. Но сепак мора да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме и дека историјата не смее повеќе да ни биде затвор. Треба да ни биде лекција, изјави за „Глас на Америка“Костадиновска – Стојчевска.

Дел од Протоколот посветен на говорот на омраза во кој се наведува меѓу другото дела секој субјект финансиран од државата во делот на културата и уметноста треба да потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходно внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза, а непочитувањето на на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на субјект, отвори дилеми кај дел од ументиците дека е можно да им се врши цензуара во име на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Она што првенствено не ми е мене јасно, а верувам и на многумина и од писателите и на луѓето коишто се занимаваат со култура, е делот на што точно се однесува и што точно се подразбира под говор на омраза. Министерката за култура мислам дека треба да го објасни тоа, за да нема и шпекулации и лажни вести. Треба министерката убаво да го обајсни тој дел – што подразбира, вели писателот Петар Андоновски.

Андоновски за Телма вели дека досега тие не добиле насоки од Министерството за култура што точно се подразбира под терминот „говор на омраза“ во Протоколот и кој ќе одлучува што е говор на омраза.

Министерката, за жал, наместо да го обајсни тоа даде една, во најмала рака, несмасна изјава, каде што не советува нас писателите како треба да пишуваме. Значи веќе е направен говор на омраза со самото тоа што ни даде добронамерен совет како треба да пишуваме, вели Андоновски.

Писателите стравуват дека користењето на историски наратив, кој според нив е доминанетн во македонската книженство, може некој да го пролкува како говор на омраза и да ги цензурира.

Инаку Протоколот потпишан на 17 јули на двапати го третира говорот на омраза за кој во двете држави задолжени за мониторирање на таквите случаи се одредени министерствата за надворешни работи, однносно евентуален говор на омраза во Македонија до институциите во земјава ќе пријавува македонскот министерство за надворшени работи, а во тоа што е говор на омраза тоа ќе се води според тоа како е тој дефиниран во македонскиот кривичен закон.

Под говор на омраза во македонскиот закон подразбира поттикнување или извршување на кривично дело сторено  во целост или делумно поради реална или претпоставена карактеристика или поврзнаост што се однесува на раса, боја на кожа, насионалност, етничко потекло, религија или уверување, ментална или телесна попреченост, пол, родов идентитет, сексуалн аориентациија и политичко уверување.

Макеоднските официјални претставници по потпишувањето на Протоколот појаснуваа дека во делот на говор на омраза ќе се реагира само во оној дел во кој ќе има флагрантно кршење на националните норми што ја регулираат оваа материја, додека во делот на историјата, поконкретно за употреба на терминот „фашистички окупатор“, кој е спорен за Бугарија, ќе се чека за тоа да се произнесе историската комисија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Путин по петти пат стана претседател на Руската федерација

Дејан Дејан

Утре на гласање само еднаш, на гласачките места по две кутии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе