Вести Македонија

Увид во просториите на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола од Комисјата за спречување на дискриминација

Не претрес, како што го најавија бугарските медиуми, туку увид во просториите на културниот клуб „Иван Михајлов“ на улицата Рузвелтова во Битола  изврши Комисијата за спречување и заштита од  дискриминација денеска точно на пладне. Претседателката Весна Бендевска за Телма изјави дека станува збор за увид во просториите на бугарскиот клуб по претставка за дискриминација од друго битолско граѓанско здружение поднесена до Комисијата.

Работиме на претставка поднесена  од едно Здружение на граѓани со оправдан интерес, го нагласувам бидејќи е битно  наведено во Законот. Согласно наводите во претставката должни сме да ја сослушаме и другата страна против која  е поднесена, да прибавиме документи. Членот 29 ни овозможува најавени и ненајавани увиди во документација и просториите. Овој пат доаѓаме најавено, извршивне увид во простоириите на потенцијалниот дискриминатор како што наведува поднесувачот на претставката, изјави Бендевска.

Културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола беше отворен во април  во присуство на целиот бугарски државен врв. Здружението кое го носи името на близок соработник на фашистите, предизвика лавина реакции во јавноста, а уште посилни беа негодувањата откако Телма објави дека во дел од внатрешноста на просториите, покрај портретите на Ванчо Михајлов е врамен и негов цитат со кој ја негира македонската нација. Претставката против Здружението „Ванчо Михајлов“ е поденсено за дискриминација  по основ на национална и етничка припадност, но  Бендевска не сакаше да даде подетални информации додека трае постапката

Во овој момент во тек е постапката, Комисијата не дава и не прејудицира наводи, за кои ќе се произнесеме кога ќе заврши постапката. Има уште неколку институции што ќе ги посетиме, да прибавиме документација и потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на нашата веб страница, рече Бендевска.

За време на увидот на Комисијата, во клубот покрај членовите на Здружението, присутен беше и бугарскиот  конзул во Битола. Но никој од Здружението Ванчо Михајлов  не сакаше да даде изјава пред камера. Рекоа дека имале  добра соработка со Комисијата за спречување дискриминација која изврши увид во просторииите.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе