Вести Македонија

Општина Струмица го удвои буџетот за меѓународната ликовна колонија

Со намален број учесници поради недостаток на финансии ќе се реализира 59 Меѓународна струмичка ликовна колонија. Најстарата во континуитет ликовна колонија во Македонија и една од најстарите на Балканот, годинава ќе функционира со намалени средства од министерството за култура, но, ситуацијата ја спасила општина Струмица која дала речиси двојно повеќе пари од претходните години.

Годинава колонијата ќе биде домаќин на 15 уметници од земјава и Европа. Освен ликовната веќе триесетина години функционира и мозаичката работилница, што е посебна гордост на Струмичката колонија.

Во овие шест децении колонијата била домаќин на некои од најзначајнит сомашни и светски сликарски имиња. Овде сликале преку 1.200 уметници од сите континетни, а создадени се околу 3 илјади уметнички дела кои се чуваат во депото на Галеријата во Струмица.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе