Вести Македонија

Дотраеност на мрежата и кражби, причина за недостатокот на вода во Овчеполието

Вода за сувите ниви во Овчеполието ќе пристигне до понеделник, а причината за немање на вода во каналот е дотраената мрежа на системот, како и кражбите, вакво ветување и образложение добиле од надлежните  денеска земјоделците од овој регион, кои веќе 11 дена се соочуваат со овој горлив проблем. Водата низ Овче Поле пристигнува од соседната подружница Водостопанство Брегалница, од каде што раководителот, Благој Богатинов вели дека вода има доволно,а се испорачуваат и повеќе количини од договореното.

Ние испорачуваме вода. Поголеми количини не можат да се пуштат поради можност за излевање. Каналската мрежа е стара и треба да се реконструира. Ние ќе излеземе во пресрет извесен период ќе ја намалиме количината за нашите корисници, за да може таа да стигне до овчеполието, вели Благојчо Богатинов, раководител на „Брегалница“-Кочани.

Втората  причина за проблемот со нивите во светиниколско е и поради лоша проценка на планот за наводнување, годинава се зголемиле и  површините под детелина, што бара повеќе вода, а системот  не може да одговори на тие барања.Но, земјоделците денеска најавија и тужби до надлежните институции.

Системот за наводнување за источниот регион е изграден во бивша Југославија. Состојбата е алармантна, земјоделците и надлежните на стартот на секоја наводнителна сезона потсетуваат на искршените каналетки,  водата тече и по импровизираните земјени вади, што значи голема загуба на вода. Потребни се неколку милиони евра за серизона   санација на овој систем, кој живот дава на кочанско, виничко, штипско и Овчеполе.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе