Вести Македонија Најважни

58 милиони евра на провизии и камати за заемите за патиштата и пругите кои никако да се доизградат

58 милиони евра потроши државата на провизии и камати за заемите за инфракструктурни стратешки проекти кои или тапкаат во место или пак се изведуваат со исклучително бавно темпо, покажува ревизијата на ДЗР која се однесува на „Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите и платени и створени трошоци“.

Убедливо најголеми давачки за еднократна провизија, камата за повлечени средства и провизија за неискористени односно неповлечени а одобрени пари очекувано има за автопатот Кичево – Охрид. Овие 57 километри кои првично требаше да чинат 374 милиони евра за потоа да ја достигнат сумата од над 600 милиони евра се градат од февруари 2014 година и никако да се завршат и покрај ветувањата во предизборијата на сите политички партии. За овој автопат се земени два заеми од 505 милиони долари и од 179 милиони долари, или вкупно – 684,7 милиони долари, од кои досега се повлечени 382 милиони долари, за кои се платени 38,6 милиони долари за провизија и камати.

На второто место по направени трошоци, вкупно 7 милиони евра е Програмата за национални патишта со која треба да се подобри квалитетот на повеќе патни правци во Македонија. За оваа програма земени се 180 милиони евра од кои се повлечени половината – 90 милиони.

Бавното темпо на реализација на овие проекти според ДЗР се должи исклучиво на проектната документација кој не е поткрепена со системски, технички, економски и финансиски анализи.

-Во управувањето со јавни инвестиции отсуствува системска правна рамка, постапки и процедури, надлежни институции и дефинирани индикатори за систем за мониторинг и надзор на спроведувањето на јавните инвестиции што придонесува за ненавремено преземање на корективни мерки;

– Главните проекти се следат на децентрализиран начин за кои не постои сеопфатна слика за напредокот во имплементацијата;

– Со нерешена експропријација издадени се одобренија за градба. Комплексната постапка за утврдување на надоместокот за експропријација, како и  постапката за одобрување на проекти за инфраструктура влијаат на степенот на реализација – бавна динамика и застој на проектите;

Се дел од заклучотите на ревизорите.

Во анализата е опфатена и изградбата на Коридорите 8 и 10 чија реализација се одвбива со исклучитечлно бавно темпо од 1 процент месечно и кои требаше да чинат 209 милиони евра за потоа таа сума да се зголеми за нови 40 милиони евра поради непланирани дополнителни трошоци и договорите за изградба да бидат раскинати.

Слично е и со Клиничкииот центар во Штип чија изградба запре заради измени во проектот поради кои се кредиторот се откажа од финансирање и сега единствен начин е со пари од Буџетот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе