Вести Македонија

Владата го започнува процесот на преговори со Европската комисија за учество во програмата Дигитална Европа

Владата денеска усвои Информација за пристапување на Република Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа – Digital Europe (DIGITAL), подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација.

Со усвојување на оваа информација, Владата го започнува процесот на преговори со Европската комисија за учество во програмата DIGITAL. Ова ќе обезбеди можности за финансирање на проектите кај сите компании, институции и граѓански организации кои ќе аплицираат со проекти за дигитализација на повиците во рамки на Програмата, соопшти владината прес-служба.

Програмата DIGITAL, претставува нова програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација, како клучни чекори кон унапредување на живеењето и работењето, особено кога пандемијата со КОВИД-19 ни покажа колку е важен развојот и познавањето на технологијата, како и колку е важно Европа да не зависи од системи и решенија кои доаѓаат од други региони во светот. Обезбедува стратешко финансирање поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: суперкомпјутери, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување широка употреба на дигитални технологии низ економијата и општеството, вклучително и преку дигиталните иновациски хабови.

Целта е, велат од Владата, да го забрза економското закрепнување и да ја обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија, носејќи придобивки за сите, особено за малите и средни претпријатија.

Членки во програмата се сите ЕУ- земји, дополнително, членки се и сите земји од Европската Економска Заедница, а постои можност и за покажување интерес и членство и на земји кандидати, како и на земјите од програмите за добрососедство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе