Вести Македонија Топ вести

Десетици закони заглавени во Собранието – ги чекаат пратениците од летување

Дваесет и девет седници чекаат да се вратат пратениците од летување. По едномесечниот одмор што им почна вчера, првата нова седница е закажана дури на 15 септември, што остава простор и за продолжување на одморот.

Клучен проблем е кворумот, што се покажа и на последната седница одржана годинава, но претседателот на Собранието ги обвинува комисиите за неажурност. Од вкупно 973 точки на дневен ред на пленарни седници, останале неразгледани 80, од причина што во комисиите не се одржале седници.

Најмногу предлог-закони, 36, се останати на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, со која претседава Соња Мираковска од НСДП. Меѓу нив се законот за прекршоци, Изборниот законик кој чека јавна расправа, Законите за влада и за пратеници,извештај од Антикорупциската комисија и неколку закони од Левица.

На второ место по заостанати закони, 22, е Комисијата за финансирање и буџет, чиј претседател е Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ. Од април чекаат законите за ревизија на претпристапната помош, за даночна постапка, за игри на среќа, финансиската полиција и други, за кои седницата или била прекината, или воопшто не е свикана.

Комисијата за транспорт, со која претседава Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ доцни со 19 закони, а Комисијата за здравство, со која претседава Арбен Зибери од ДУИ ја чекаат 16 закони, од кои прв е законот за проектот „Нов Клинички центар“.

На пратениците од Комисиите за Труд и социјална политика и Европски прашања со кои исто така претседава ДУИ чекаат по 11 закони, а на Земјоделство и шумарство, 10.

Новата учебна година ќе почне без законите за наставници, основно и средно образование, затоа што оваа комисија има   осум незавршени седници. 7 незакажани седници и една одложена, има и Комисијата за надворешна политика, додека најмалку работа ја чека Комисијата за одбрана, која има заостанати само две точки на дневен ред.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе