Вести Македонија Најважни

По 18 години, Прохор Пчински ги отвори портите за чествувањето на македонскиот Илинден

Манастирот Св. Прохор Пчински во Србија, по речиси две децени, повторно стана местото каде македонските претставници денеска го чествуваа Вториот Илинден, поточно Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, кога се поставени темелите на независната македонска држава во конаците на манастирот.

Прв од македонскиот државен врв во манастирот зечкори претседатело на државата, Стево Пендаровски, кој сепак венецот во чест на АСНОМ го положи на новата двојазична македоснко-српска спомен плоча поставена надвор од манастирските порти, во параклисот, бидејќи старата плоча која стоеше на ѕидовите на конаците во манастирот одамна ја нема. На 60 делегати кои учествувале на првото заседание на АСНОМ чест им оддадоа и претставници на Сојузот на борците на Македонија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и неколку пратеници.

А токму претседателот на државата, Пендаровски, кој за денешното чествување во Прохор Пчински рече дека тоа не е пи-ар, туку чествување на најголемиот македонски национален празник – 2 Август, за кое се надева дека повторно ќе стане традиција. Тој информираше дека за таа цел ќе се формира работна група на ниво на министерствата за надворшени работи на двете земји.

„Идеата е не да дојдеме само оваа година, туку од оваа година, тука, постојано да го славиме. Занете има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми. Меѓутоа меѓу црквите постоеа одредени проблеми, кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме да дополнително го зацврстиме тоа, и црковно и државно пријателство, меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моте домачќни, дека ова се случува само сега и дека ова е пи-ар настан, дека сакаат само да се пофалат. Не. Ова треба да биде еден камел темелник, да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла. Бидејќи ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места, наши и нивни, од нашето минато, мислам дека немаме никаква иднина во билатерланите односи“, изјави Пендаровски.

Шефот на државата кој денеска се сретна и разговарање и со владиката Пахомије под чија јурисдикција е манастирот разговарал за обвновување за спомен собата посветена на Првото зседание на АСНОМ.

„Би можело во таа насока е. Добивме такви уверувања и од домаќинот на манастирот, владиката Пахомие“, рече Пендаровски.

Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, кој денеска во има не српската влада му беше домаќин на Пендаровски, денешниот чин на СПЦ да ги отвори портите за чествувањето на најголемиот македонскиот национален празник го оцени како чин на добрососедство, но и идна взаемна грижа на двете држави за значајните датумите и спомен места од нивните истории.

„Со тоа ние покажуваме колку сже почитуваме едни со други, колку ја почитуваме нашата традиција, колку го почитуваме нашето историска наследство и за идните одбележувања следните години. И констатиравме колку е важно, на државно ново, да ги усогласиме и датумите на прослави и местата на одбележување и начинот на одбележување на тие места, каде прославите и комеморациите ќе се одржуваа“, вели Селаковиќ.

Тој за можноста за возобновувањето на спомен собата на АСНОМ, кратко одвори:

„За тоа треба да се разговара. На прво место треба да се има предвид дека манастирот Прохор Пчински е манастир на СПЦ“, одговори Селаковиќ.

Освен традиционално добрососедство кое денеска беше демонстрирано меѓу Македонија и Србија во Прохор Пчински, во манастирот со заедничка богослужба, прва по 1941 година, беше уште еднаш потврдено и помирувањето меѓу СПЦ и МПЦ–ОА. Сепак и покрај двата важни настани кои се случија во манастирот Св. Прохор Пчински, српскиот владика Пахомије се воздржа од давање изјави.

Но и по 18 години возобновување на чествувањето на АСНОМ во Прохор Пчински не помина без тензична и непријатна атмосфера, откако мала група од 40 приврзаници на лидерот на партијата Единствена Македонија, со свирежи и довикувања го пречекаа претседатело на државата пред манастирот. Сепак полицијата ги држеше на растојание, недозволувајќи им да го нарушат свеќениот чин.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе