Вести Македонија

Утре нема да има струја во некои скопски општини

Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Сарај, Ѓорче Петров и Студеничани, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што се посочува, се веќе закажани технички зафати.

Од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат угостителскиот објект „Јасен“, како и репетиторите на А-1 и Телком во ловиштето Јасен во општината Сарај.

Од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од ул. 73 во Волково во општината Ѓорче Петров и корисниците од селата Палигарад, Алдинци и Црвена Вода, викенд населбата Црвена Вода, Планинарскиот дом Китка и домот Караџица, Принцес Мала Река и викенд населбата Мала Река во општината Студеничани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе