Вести Македонија Топ вести

Петков: Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеа да ги заштити своите национални интереси

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите национални интереси по гласањето „за“ францускиот предлог во бугарското собрание и натаму Софија не може да сноси одговорност.

Во интервју за бугарското национално радио Петков рече дека направиле нешто неверојатно.

За првпат брисел ја поддржа бугарската позиција, рече петков додавајќи дека и самите, како што ги нарече, северномакедонски партии излегле на голем протест против предлогот.

Според Петков, тоа што бугарските позиции се заштитени од Брисел укажало на неверојатно успешна дипломатија која лично ја поздрави. Тој образложи што ќе се случува доколку македонија одлучи да го прифати предлогот.

Ако Македонија се согласи со францускиот предлог, во уставот на македонија ќе влезат бугарите пред да почне преговарачкиот процес.

Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата.

Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Македонија, рече Петков повторно повторувајќи дека зад спроведувањето ќе стои Брисел, а дека Македонија треба да биде дел од Европската унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе