Вести Македонија

Нови избори за членови на Советот на Општина Тетово- ДУИ смета ситуацијата е на штета на граѓаните

По само 8 месеца повторно се организираат избори за членови на Советот на Општина Тетово. Од опозициската партија ДУИ сметаат дека ваквата ситуација е на штета на граѓаните.

Поранешниот советник, Блерим Османи, обвинува за несовесното работење и непочитување на законските правила од страна на сегашното раководство, што според него го нарушува угледот на Општината и на Советот.

Бесар Дурмиши од БЕСА, сега поранешен претседател на Совет, вели дека вината за ненавременото донесување на завршната сметка е во администрацијата и дека ќе следат санкции.

Сега сите ингеренции кои ги има Советот се пренесуваат кај градоначалникот, освен надлежности што припаѓаат на општинскиот имот, статут, буџет, завршна сметка, именување членови на Надзорен и Управен одбор во јавни претпријатија, усвојување финансиски програми и извештаи за работа.

Изборите за Совет на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе