Вести Македонија Топ вести

Во Скопје се маршираше за различностите – неколку илјади учесници присуствуваа на парадата на гордоста

Многу различности на едно место, собра паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје. Шаренило, гласна музика, бројни знамиња и транспаренти го украсија просторот, од каде што започна парадата на гордоста.

Впечатливо беше и силното полициско обезбедување и строгите мерки за влез во зоната каде што беа учесниците. Како и во други европски метрополи, така и во Скопје, се маршираше за достоинство, еднаквост и правда. Токму таков беше и насловот на третата парада која се одржува во Македонија. Пораките беа јасни.

Дефилето започна од паркот „Жена Борец“, за потоа поминувајќи низ главните скопски булевари да се стигне до Градскиот парк и стадионот на АРМ, каде што учесниците ги очекува забава и културно-уметнички перформанси.

Во знак на поддршка, присутни беа и претставници на извршната власт како и други јавни личности и претставници на невладиниот сектор. Претходно, се огласија и премиерот, како и претседателот на државата.

Ковачевски парадата ја нарече значајно демократско случување, а претседателот Пендаровски повика на поддршка за различностите, но и упати апел се да помине во најдобар ред и без никакви инциденти.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе