Вести Македонија

Парадата на Гордоста во центарот на Скопје под силно полициско обезбедување (фото)

Под силно полициско обезбедување во центарот на Скопје се одвива Парадата на Гордоста.

„Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, порачуваат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Поворката ќе започне од паркот „Жена-борец“ по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд, потоа на улицата Даме Груев и булевар ВМРО до крстосницата пред мостот Гоце Делчев. Таа ќе продолжи по булеварот Илинденска покрај Влада, потоа улицата Ленинова покрај арена „Тоше Проески“, а крајната дестинација е Стадионот на АРМ.

На стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, како и дрег кралици од земјава и од регионот. Свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер.

Парадата на Гордоста ја следи Петар Догов кој се јави во вестите на Телма во 18.30

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе