Вести Македонија

Нема повик од владата до ССМ, ќе го блокираат влезот на Скопје

Никој од Владата не го контактирал Сојузот на синдикати на Македонија за усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата. Радикализирање на штрајкот е предвидено за понеделник на влезот на Скопје кај населбата Автокоманда, но доколку и понатаму се нема слух за нашите барања на дневно ниво претседателството секој ден ќе одлучува за порадикални мерки, велат од ССМ. За претстојните денови можно е и блокирање на другиот влез на Скопје од страната на Тетово и Гостивар.

  • Немаат повеќе слух ниту министрите ниту пратениците сакаме да не им дозволиме да стигнат на нивните работни места во понеделник, да не може да си ги наплатат патните трошоци, а од друга страна да не дигнат два прста за да дадат 2806 денари покачување за работниците. Да видиме до каде оваа Влада може да го издржи притисокот, а ако смета дека може да го издржи овој начин на притисок верувајте многу скоро ќе побараме и оставка на цела Влада, вели Иван Пешевски од ССМ. 

Првите три дена штрајк на локално ниво дадоа резултати во одредени сектори во општините Битола, Скопје и Тетово, но во штрајк останува цела држава, велат од ССМ.

  • Бидејќи ова е генерален штрајк кој не се води на улица, туку се води на своите работни места. Секаде каде што имаме синдикални организации и регионални претставништва. Тоа се сите 30 градови во државата, штрајкот е на работните места и луѓето си продолжуваат со штрајк и од понеделник. Сакаме само да го исполниме барањето на работниците, минимум капацитет ќе има и во болниците и во полицијата и во армијата и во сите јавни установи за да можат граѓаните барем со некој минимум да функционираат. Но да напоменам кога ќе го блокираме градот ќе ги пуштиме возилата на итната медицинска помош и полиција и останува да видиме до каде може оваа влада да го издржи притисокот, смета Пешевски.

Усогласувањето ќе го чини буџетот 30 милиони евра,од кои голем дел ќе се вратат во Буџетот, но и во стопанството. Доколку има нови ценовни шокови кои би се случувале од септември повторно ќе треба да се седне на маса и да се договорат новите правила на игра, бидејќи сегашните барања на ССМ  се до 1 јули за кои  одлучува Владата и Собранието, додава Пешевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе