Вести Македонија Топ вести

По 16 лица во 16 метри квадратни – хорор услови во затворите

Спијат на сунѓери, на железни кревети, па и на под, во пренатрупани простории полни со бубачки, мувла и влага… Се тушираат со ладна вода, тогаш кога и неа ја има, чешмите се постојано расипани, санитарните чворови нефункционални. Во вакви услови затворениците во македонските затвори ја отслужуваат својата казна.

На затворениците што имаат пари, не им е никаков проблем да си обезбедат мобилен телефон во затворот, треба само да им платат 200 до 500 евра на чуварите, а се внесуваат и дрога и оружје. На тие што немаат, посебен проблем им е тортурата од вработените, кои користат ремени и лисици, ги навредуваат и омаловажуваат, но се плашат да ги пријават. Од друга страна, пак, и полицајци се пожалиле дека добиваат притисоци.

Правобранителот не сакаше да го коментира посебниот третман на дел од затворениците, како поранешните функционери, кои престојуваат во далеку подобри услови, особено во струшкиот затвор. Не сакаше да зборува ни за случајот со поранешниот генерален секретар, Мухамед Зекири, кој веќе три недели, наместо во притвор во Шутка, е на Инфективната клиника, по поплака за симптоми на труење. Начелно, вели, тие се борат за тоа, сите во затворите да добијат ист, добар третман, без дискриминација и привилегии.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе