Вести Македонија

Макрон очекува преговорите на бугарските и „северномакедонските“ колеги да помогнат за постигнување договор

Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави гласањето во бугарскиот парламент и најави дека во следните денови ќе продолжат консултациите со партнерите во Бугарија и Северна Македонија.

Тој му се заблагодари на Бугарскиот парламент и премиерот Петков, како и на Северномакедонците, како што повторно не нарече.

„Во однос на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија. Повикав на гласање во Бугарскиот парламент, за укинување на бугарското вето во однос на Северномакедонските преговори за членство, што исто така ќе и помогне и на Албанија. Ќе продолжиме со ова. Ги имаме преговорите со бугарските и северномакедонските  колеги да се најде решение и постигне договор во следните неколку дена и сите се подготвени тоа да се формализира. Би сакал да им се заблагодарам на бугарскиот премиер, коалициските партнери, опозициските партии кои тоа го изгласаа. Честитки за Северна Македонија на напредокот. Се уште има работа да се заврши, но ова сепак е напредок. -изјави францускиот претседател Макрон.“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе