Вести Македонија

Фуере за Телма: ЕУ не смее да зазема страна во спорот меѓу Македонија и Бугарија а Вархеи треба да си даде оставка

Европската унија не смее да зазема страна во спорот меѓу Македонија и Бугарија порача поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере, по изјавата на комесарот за проширување на европската унија, Оливер Вархеи дека ги поддржува барањата на бугарската страна во преговарачкиот процес за Македонија.

Тој треба да си даде оставка, бидејќи Европската Комисија треба да биде гарант на принципите и вредностите на унијата, тврди Фуере за Телма.

Прашање:

Денеска напишавте коментар за изјавата на Вархеи. Ќе ве цитирам. Целосно нема логикa. Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европскиот Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе. Зошто имате ваков став за оваа негова изјава?

Одговор:

Прво кога ја прочитав изјавата мислев дека е погрешно пренесена но потоа сфатив дека е изјава на комесарот и останав шокиран бидејќи Eвропската Kомисија не смее да зазема страна кон една земја членка игнорирајќи ги грижите на другата страна во овој конкретен спор.

Комисијата во целост треба да биде гарант на принципите и фундаменталните вредности на кои се базира интегративниот процес.

Оваа изјава на комесарот воопшто не е во согласност со обврската на Eвропската Kомисија. Затоа jас почуствував потреба да реагирам и се надевам дека тој ќе ја преиспита својата позиција во меѓувреме.

Прашање:

Ви благодарам господине Фуeре. И имам уште едно прашање. Денеска Бугарското Собрание го изгласа францускиот предлог. Кои се сега опциите на Македонија и следните чекори на Европската Унија?

Одговор:

Го немам видено конкретниот текст кој е усвоен но ако е базиран на т.н. „француски предлог“ кој циркулира насекаде не сум убеден дека ова ќе помогне во изнаоѓање на компромисно решение бидејќи е цврста корист на бугарските позиции и воопшто не води сметка за позициите на Македонија, за владата на Северна Македонија и за државата.

И јас мислам дека исто така дека ги нагласува и подвлекува Европската Унија и изгледа дека ги прифаќа прашањата поврзани со историјата, јазикот и идентитетот да станат дел од преговарачкито процес. И овие прашања немаат никаква проврзаност со критериумите за  пристапувањето во Европската Унија и треба да се решаваат одвоено. И на овој начин ја ставаат владата на република Северна Македонија во тешка позиција и се надевам дека ќе успеат да ја убедат француската дипломатија дека ова не е патот за изнаоѓање решение кое ќе овозможи да се почнат преговори со Македонија.

Прашање:

Ни снемува време и што можеме да направиме овие денови особено кога рековме „НЕ“ на францускиот предлог и кои опции ни преостануваат ?

Одговор:

Па добро, јас се надевам дека Франција ќе преиспита од тоа што е содржано во нивниот предлог и ќе се погрижат тие прашања кои се содржани во билатералниот договор потпишан 2017-та година а кои се спомнуваат во францускиот предлог и треба да биде јасно дека тие прашања не можат да бидат дел од преговарачката рамка и да ја исклучи таа поврзаност со историјата, идентитетот и јазикот бидејќи не можеш да преговараш за тие аспекти.

Тоа се аспекти во срцето и душата на Македонците и граѓаните на државата и никогаш не биле дел од пристапниот процес со претходните членки.

Помеѓу Ирска и Британија се уште дискутираме за историјата но не на конфронтирачки начин и без ставање на вето меѓусебно.

И јас навистина се надевам дека политичарите во Бугарија ќе разберат дека ако сакаат да работат во интерес на европските интеграции тие треба да дејствуваат и да се однесуваат како земја членка на Европската Унија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе