Вести Македонија Топ вести

Систем којшто бара бројки и оцени ќе го добие тоа наместо вистинското знаење, сметаат експертите

Приемните испити во скопската гимназија „Орце Николов“ го одмотаа клопчето за квалитетот на образованието во Македонија.

Се поставија прашањата – дали наставниците навистина пренесуваат знаење или учениците добиваат подарени петки.

За дел од комуниколозите, катастрофалните резултати на приемните испити се само слика на образовниот систем во земјава.

Систем којшто бара бројки и оцени и го добива истото од учениците, а некогаш можеби на сметка на вистинското знаење.

Бојан Кордалов, повикува да не се ставаат на тапет учениците кои покажале незнаење на тестот.

Критериуми мора да има, вели тој, но може да се размисли и за зголемување на капацитетите во училиштата.

253 ученици се запишаа во „Орце Николов“, но само единаесет од нив си ги оправдаа петките.

Од карпошовото „Јан Амос Коменски“ доаѓа ученикот со најдобар резултат на приемниот испит за упис во „Орце Николов“, кој добил 152 бодови од можни 170 вкупно по македонски јазик и математика.

Според податоците до коишто дојде Телма, најмногу примени кандидати има од основното „Коле Неделковски“ во Центар, но и покрај 20 положени на приемниот испит, ниту еден не успеал да реши доволно за „одличен“ успех иако сите дошле со 5,00 од основно.

Повеќе идни средношколци запишани во „Орце Николов“ доаѓаат и од „Војдан Чернодрински“ од Карпош – 19, „Љубен Лапе“ од Аеродром – 16, „Песталоци“ – 15 и „Димо Хаџи Димов“ – 14.

Само тројца од нив со одличен успех на приемниот испит.

На испитот дури 70 ученици решиле за двојка.

Заради ова и надлежните институции најавија дека ќе истражуваат како е дојдено до вакви поразителни резултати.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе