Вести Македонија

Конструкција е она што е објавувано како договор за натписи на споменици на цар Самуил и на охридската тврдина воопшто не е договарано во историската комисија, потенцира акдемик Ѓоргиев

„Никогаш не сме договарале натписи на споменици и тоа не е наша работа, ние договаравме заедничко чествување на определени историски фигури и настани“, дециден е академик Драги Ѓоргиев од историската комисија, кој тврди дека не ги знае францускиот предлог и бугарските протоколи, но знае дека тоа што медиумите го објавиле за нив не е точно и не е утврдено на комисија.

Досега се утврдени текстови за два историски настани и ликови, направена е предлог препорака као средновековната држава да биде претставена во учебници по историја- потенцира Ѓоргиев. Според него, рокови кои се спомнуваат во документите, а се однесуваат на работа и резултати на историската комисија не се прифатливи и не може да се мешаат со политичкиот процес.

Употребата на документи на Европска Унија со кои на историската наука и се налагаат насоки како една историографија на агресивен начин да надвладее друга историографија е недозволиво и недопустиво, оценка е на историчарите.

Особено е штетен начинот на употреба на говор на омраза во историски дискурс. Говорот на омраза според објавените протоколи ќе биде и доколку се користи друг , а не бугарски наратив за определни историски работи. Професорката Ангеловска Панова се надева дека разумот и науката ќе победат.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе