Вести Македонија Топ вести

Француското претседателство со разбирање за бугарската загриженост – се надева дека договор ќе биде постигнат во наредните денови

Француското претседателство во моментов води активни преговори со Софија и со Скопје за кревање на ветото, со очекување договор да биде постигнат во наредните денови.

Ова денеска го изјави државниот секретар за европски прашања на Франција, Клеман Бон, по завршувањето на советот за општи работи на Европската унија, реферирајќи притоа на посветеноста проблемот да се затвори, но и на сензитивноста на Бугарија на ова прашање, како и на многу тешкиот политички контекст во Софија во моментов.

Бон иако тврдеше дека во разговорите секоја од страните ќе види дека нејзиниот интерес е земен предвид и препознаен, сепак рече дека треба да се имаат предвид бугарската загриженост за одредени прашања.

„Не сметам дека тоа што го правиме ќе биде против интересот на Скопје, за Северна Македонија. Токму   спротивното. Ако преговорите можат да се придвижат со помош на Комисијата ќе биде во полза на сите. Некои прашања немаат билатерален карактер, но ги засегаат бугарските односи со Северна Македонија, и се во позадината на овие преговорите и тоа е многу детален и компликуван процес. Многу земји-членки посочија дека пристапните преговори не треба да се занимаваат со билатералните разидувања. Но некои аспекти од тој проблем би можеле да се решаваат на таргетиран начин како дел од преговарачкиот процес. Тоа е целиот проблем сега, да се најде прецизно каков ќе биде тој таргетиран начин и на што ќе се насочиме“, рече Бон.

Францускиот државен секретар за европски прашања се надева дека блокадата сепак ќе може да се заврши за неколку дена.

„Во тек се преговори на претседателството, не само со двата главни града – Софија и Скопје, туку и со европските партнери исто така. Убеден сум дека ќе стигнеме таму, но се уште имаме работа да завршиме. Се уште постојат ризици и нема да штедиме на напори се до последниот миг, ако е потребно, од нашето претседателствување, надевајќи се дека ќе постигнеме договор, најбрзо што е можно, во наредните неколку дена“ – додава Бон.

Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович пак на прес-конференцијата рече дека сега е важно да процесот на проширување да заживее и оти едно од клучните работи во тоа е ситуацијата меѓу Бугарија и Македонија. Тој сепак рече е охрабрен од новиот момент кој француското претседателство го инјектираше во дискусијата изразувајќи надеж дека наскоро ќе биде постигнат значителен прогрес.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе