Вести Македонија

Бугарската црква влегува во канонско единство со Македонската, но вели дека името на црквата допрва треба да се утврди

Синодот на Бугарската православна црква на својата денешна седница ги разледал писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на МПЦ-ОА, која сепак се ословува како православна црква во Северна Македонија.

Во соопштението на Бугарската патријаршија се вели дека по спроведеното гласање, тие ги прифаќаат решенијата за подигање на шизмата и влегување во канонско и евхаристичко општење со православната црква на Северна Македонија.

Што се однесува до името на православната црква на Северна Македонија, бугарската патријаршија вели дека тоа прашање дополнително треба да биде разгледано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе