Вести Македонија

На Рама му се „повраќа“ од оние кои не му ја разбрале иронијата со западна Бугарија

Премиерот на Албанија тврди дека неговата шега во која претседателот на владата, Димитар Ковачевски го нарекува премиер на „идната Западна Бугарија“, всушност била на сметка на Бугарија која ја блокира земјава во ЕУ.

Објаснувањето на Рама е дека тоа е иронија и сарказам којшто не бил разбран од многумина што го нападнаа премиерот Ковачевски. Рама оцени дека станува збор за хистерија и одговорот на Твитер во кој повторно ја споделува својата „западна Бугарија“-шега, ја зачини со емотикон на смајло што повраќа.

-За смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија! Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, напиша Рама на својот Твитер профил.

По многубројните реакции, опозиционата ВМРО-ДПМНЕ побара Ковачевски да поднесе оставка. Од друга страна нападите не беа насочени кон Рама кој кажа што кажа туку кон Ковачевски кој е во негово присуство.

ВИДЕО: Албанскиот премиер Рама за името на државата до Олаф Шолц: Идната „западна Бугарија“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе