Вести Македонија

Одрон на патниот правец Неготино – Радовиш

Одрон има на патниот правец Неготино – Радовиш на дваесеттиот километар, информираше Илија Бојаровски од Центар за управување со кризи.

Контактиран е раководителот на Македонија пат во Штип, соопшти Бојаровски.

Тој сподели и хидролошка информација во којашто стои дека и во текот на денешниот ден, како резултат на очекуваните локални интензивни врнежи, можни се локални појави на течење на вода низ градските улици, доколку таму се сконцентрирани врнежите, локални појави на брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и можни појави на свлечишта и одрони.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во текот на денешниот ден, дециден беше Бојаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе