Вести Македонија Топ вести

Биографиите на девет кандидати за уставни судии конечно на дневен ред на собраниската комисија

Изборот на уставните судии денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за избори и именувања. Членовите на Комисијата треба да ги разгледаат биографиите на деветте кандидати за уставни судии и тоа тројца предложени од мнозинството и шест од опозицијата. Според претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска, продолжението на седницата на Комисијата за избор на судиите се одолговлекло поради обврски на членови на Комисијата.

Пратениците од власта ги предложија републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје Фатмир Скендер и Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи шест кандидати: универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во понеделникот одржа средба со шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери за блокадата на изборот на четирите уставни судии.

Предупреди дека Уставниот суд нема да стави на дневен ред важни државнички прашања доколку не се изгласаат нови судии, како и тоа дека Македонија во декември ќе влезе во уставна криза доколку Уставниот суд не се доекипира.

Во декември ќе се пензионира уште еден судија, со што ќе биде оневозможена работата на судот кој веќе шест месеци работи  со четири судии помалку од предвиденото. Судот функционира на граница на кворум.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе