Вести Култура Македонија

Турското издание на книгата „Ноемвриски крстосници“ и „Во заседите на медуза“ промовирани на саемот на книгата

Пред виорот на Првата светска војна, една случајна средба на Доминик со Лара во Париз отвора не само нов животен пат за двајцата, туку и проклетство во кое сосема случајно се вовлекува уште една паралелна животна приказна од сегашноста… Со сите последици од таа војна, судбини што се провлекуваат низ еден век и сосема случајно пуштаат корени и во Битола, како наследство од судбината на еден друг лик, со чудесен спој на минатото и сегашноста.

Ова е дел од сижето за романот „Ноемвриски крстосници“ на писателката Сања Мучкајева Видановска, која во рамките на Саемот на книгата, а со поддршка на турскиот културен центар Јунус Емре од Скопје, го промовираше своето дело кое е преведено и издадено на турски јазик во реномираната издавачка куќа „Карина“ во Анкара.

Промоторката на книгата, Соња Стаменковска вели дека романот „Ноемвриски крстосници“ е книга што се чита во еден здив.

Директорот на турскиот културен центар „Јунус Емре“ вели дека за прв пат учествуваат на саемот на книгата во Скопје, но учеството на овој саем ќе стане традиција во наредните година.

„Имаме промоции на книги, но го имаме проектот ТЕДА. Со проектот ТЕДА ги промовираме делата на турските писатели преведени на македонски јазик. Освен книги на македонски, исто така има и изданија на турски јазик. Во културна смисла, но и во смисла на туризмот, дела кои прикажуваат богатството на Турција во делот на туризмот, како културен центар Јунус Емре имаме образовни материјали преведени од турски јазик но и изданија на други странски јазици“, изјави Серхат Кула, директор на турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје.

Освен Ноемвриски крстосници, турскиот културен центар „Јунус Емре“ ја промовираше и книгата „Во заседите на медуза“ од турската писателка Ѓулшах Еликбанк.

Во книгата се зборува за четворица млади авантуристи, Џем, Гизем, Ајше и Мерт, кои според мапа, трагајќи по изгубено богатство, се наоѓаат себе во Подземниот музеј, некогашен резервоар за вода изграден од царот Јустинијан.

Во овој историски богат Музеј, тие се среќаваат со голем број на митски ликови, скулптури кои оживуваат, свет полн со магија и фантазија. Подземниот свет е исто така полн и со љубомора, омраза и бркотница.

„Во првата издадена книга дејството на Медуза се одвива во подземен потонат свет во Истанбул, во Султан Ахмет, тоа за нас е важно историско место. Потонатиот подземен свет започнува со медуза, како што знаето во грчката митологија медузите се принцези. Зошто подземен потонат свет, многу не се зборува и не се раскажува, јас за децата што поминале една авантура таму раскажувам, малку со додавање на фантастика сакав децата да ги запознаам со турската и со грчката митологија. До сега во Турција оваа книга има голем интерес од страна на децата, сега кога дојдов тука и тука видов дека има голем интерес, поради тоа навистина ова е прекрасно чувство“, изјави Ѓулшах Еликбанк, авторка на книгата.

34-тото издание на Саемот на книгата започна на 3-ти мај, а завршува денес. Истиот се одржува под покровителство на Министерството за култура, а оваа година значајно претставување имаше Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар „Јунус Емре”.

Мартин Николовски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе