Вести Македонија

Синдикалци протестираат пред седиштето на СОНК – не се задоволни од одлуката за ставање на штрајкот во мирување

Синдикалци се собраа пред седиштето на СОНК, незадоволни од одлуката на синдикатот за ставање на штрајкот во мирување.

Тие не беа расположени да дадат изјави пред камерите, и очекуваат средба со претседателот на синдикатот Јаким Неделков како и другите членови од раководството на СОНК.

Денеска Синдикатот за образование, наука и култура го стави штрајкот во мирување, а учениците од утре почнуваат со настава. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решавање на работните спорови.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави штрајкот во мирување додека трае решавањето на спорот.

ОВА Е САМО ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, ДОКОЛКУ НЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ, ПОВТОРНО ЌЕ ГО АКТИВИРАМЕ ШТРАЈКОТ. УВЕРЕНИ СМЕ ДЕКА ВО ПЕРИОДОТ НА ПОМИРУВАЊЕ ЌЕ ГИ НАЈДЕМЕ СООДВЕТНИТЕ РЕШЕНИЈА И ДЕКА НЕМА ДА ИМА ПОТРЕБА ДА ГО АКТИВИРАМЕ ШТРАЈКОТ, ИЗЈАВИ НЕДЕЛКОВ.

Претходно од СОНК, беше најавен протест за 4. мај и се уште не се знае дали истиот ќе се одржи.

Генералниот штрајк во образованието почна на 11 април а членовите нс СОНК ја одбија понудата на Владата за покачување на платите за 12 отсто почнувајќи од јули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе