Uncategorized

Мицкоски тврди дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од битолска фирма  

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите презентираше записници за кои тврди дека се фалсификувани и со нив се открива скандал во кој бизниснисмени се рекетирани.

Според податоците кои ги презентираше Мицкоски,  директорот на Рек Битола Васко Ковачевски барал од битолската фирма ,, Рубитон,, која добила тендер за ископ на јаглен да му даде во кеш 250 000 евра на Вице Заев.

Откако сопственикот на Рубитон не се одзвал на повиците, Вице Заев му се заканил дека ќе ја загуби работата. По ова била поднесена и пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски.

Записниците биле доставени од свиркачи во седиштето на партијата.АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола ги демантира наводите на Мицкоски и се сомнева дека зад нападите се кријат лукративни причини на економскиот оператор и политичката партија.

Договорот со фирмата Рубитон која ископуваше јаловина ) во рудникот Суводол, е раскинат од страна на РЕК Битола на 07.11.2018 од причини што Рубитон не го вршеше ископот со динамика и количини предвидени во договорот, за што постојат записници и други релевантни документи од стручните служби на РЕК Битола, велат од компанијата.

Рубитон има поведено судски спор пред надлежен суд чиј епилог го очекуваме. Сопствениците на фирмата Рубитон се во блиски роднински врски со поранешен директор на РЕК Битола од времето на владеење на ВМРО – ДПМНЕ.

Само во периодот 2015 година – 2018 година оваа фирма од РЕК Битола наплатила над 370.000.000 денари за ископ на јаловина. )

За случајот регираше и СДСМ. Мрачниот брифер Христијан Мицкоски веќе ни сам не си верува на лагите и дезинформациите. Лаги од типот „барал средба за да не се сретне“  или „му се сонило дека заработил 250 илјади евра“.

Но, тоа зборува за состојбата во којашто Мицкоски се наоѓа., се вели во соопштението на СДСМ.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Нов тарифник за враќање на старите цени или поскапа полиса за авто осигурување – одлуката утре

Дејан Дејан

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе