Ковид19 Македонија Топ вести

Во битолскиот регионален центар вакцинирани речиси 5.000

Жителите на Прилеп  за да примат вакцина минуваат над 40 километри до Регионалниот вакцинален центар во Битола. Во нивниот град се уште нема масовна имунизација, а очекуваат наскоро да се отвори пункт. Сепак, велат кога станува збор за здравје, не е тешко да се дојде до Битола.

Од почетокот на масовната имунизација во битолскиот регионален центар се вакцинирани речиси 5.000  граѓани од општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод. Старосната граница е веќе спуштена на 63 години, а интересот се зголемува.

Нормално кај возрасната популација потешко одеше, поради движење и придружби, но тој дел помина. Вчера имавме најголем број вакцинирани лица, 1.041, како што слегува возрасната граница, бројот на вакцинирани е се поголем, вели весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола.

На овој пункт во Битола се  вакцинираат само оние кои добиле порака со закажан термин, а критериеум е возраста. Граѓаните кои не го испочитувале терминот, можат да дојдат наредниот ден, но чекаат да се вакцинираат сите кои се закажани. Исто така, им се излегува во пресрет на сопружници кои веќе добиле пораки да се вакцинираат заедно.

Тоа се смета за сопруг и сопруга, со закажани термини, можат да дојдат заедно како олеснителна околност, но на вториот закажан термин, вели Спирковска.

Инаку досега вкупно во државата вакцинирани се 121.000 граѓани со прва доза, а ревакцинирани се 23.000.  Преку платформата вакцинација.мк се пријавени 303 илјади граѓани.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излетничките места полни со граѓани за 1ви Мај

Дејан Дејан

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Каевски и Мојсовски ги отфрлија обвинувањата за злоупотреба на спортски ваучери, велат тие се политички мотивирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе