Ковид19 Македонија

Над 100 илјади вакцинирани во земјава – се вакцинираат и помлади покрај повозрасните

Здравствените власти се задоволни од темпото на имунизација. Никакви награди за вакцинираните не се планираат по примерот на Србија, ниту пак со дополнителна кампања ќе се убедува населението да се пријавува во многу поголема бројка од онаа досега.

На официјалниот сајт за вакцинација бројчаникот вели 287.957 пријавени за вакцина. Денес министерот за здравство повтори дека во следните пет дена термини ќе бидат доделени на сите што долго време чекаат да бидат повикани.

Македонците вакцинирани во Србија со Фајзер или Синофарм кај матичен лекар овде треба да се пријават за да бидат ревакцинирани во земјава. Ова не важи за луѓето коишто добија Астра Зенека, тие ќе мораат повторно да патуваат – таква е одлуката на здравствените власти барем засега.

Во земјава, пак, дел од оние 107.978 лица впишани како вакцинирани на страницата на Министерството за здравство се веќе целосно вакцинирани со две дози, а за сертификатот треба да се обратат кај матичните лекари и без никаков проблем да го добијат истиот.

Периодов во јавноста има бројни реацкии дека во некои населени места веќе се вакцинираат и помлади граѓани, додека во други сè уште на ред се повозрасните. И за ова има објаснување, тврдат од Управата за електронското здравство.

Во следниот период ќе се отворат нови вакцинални пунктови во Струмица, Велес и Прилеп.  А, се очекуваат и нови количини на вакцини во земјава – на Фајзер и Синофарм во следните неколку дена.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе