Вести Македонија

Нова кавга ја прекина комисиската расправа за Јовески да стане Уставен судија

Жестока расправија на собраниската дебата за Јовески да стане Уставен судија. Седницата на комисијата за избори и именувања беше прекината откако претседателката и го одзема зборот на пратеничката Благица Ласовска. Го злоупотребила правото на процедурална забелешка и навредувала свои колеги, тврдеше Георгиевска.

Георгиевска обвини дека опозицијата ја опструира работата на комисијата, па откако цитираше делови од собранискиот деловник кога може да биде одземен збор на пратеник, ја прекина комисиската расправа.

Актуелниот обвинител Јовески е последниот кандидат за уставен судија кој треба да ја мине комисиската расправа во собранието. Предложен е од владејчката СДСМ, а досега поддршка добија и останатите кандидати на власта. Опозицијата понуди шестмина кандидат, но ниту еден не доби доволно гласови за Уставен судија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе