Вести Македонија

Перински свика прес-конференција, му упадна Данела Арсовска, па се „надмудруваа“ пред новинарите кој е виновен за проектот за пречистителна станица

Златко Перински, разрешениот директор на скопски Водовод денеска на својата прес-конференција го делеше пултот за изјави со градоначалничката Данела Арсовска која го разреши, но таа се појави да му контрира.

Причина за раздорот е проектот за пречистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра.

Арсовска го обвинува Перински дека правел злоупотреби во проектот и дека ќе поднесе кривични пријави против него. Перински пак тврди дека проектот бил реализиран по насоките од европски ЕБОР и дека имал притисок за да менува луѓе во комисиите на проектот.

Поради интересот на новинарите за прашања, Арсовска и Перински се менуваа на пултот за изјави и ги коментираа ставовите на другиот.

Арсовска запрашана за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, чија поддршка имаше на изборите на кои победи рече дека таа уште стои.

„Извештаите се одлични, но има проблеми со поединци“, тврди Арсовска.

Повеќе за меѓукоалициската војна во град Скопје во Вестите во 15:30, 18:30, 21:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе