Апелациониот суд во Гостивар итно да донесе пресуда со која ќе заштити Елена Јовицоска и ќе го осуди поранешниот партнер – гонет насилник. Ова е реакцијата на националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство по објавената сторија на Телма телевизија. Граѓанската организација укажува дека ниските казни или неказнивоста воопшто, во овој случај ќе ги обесхрабри остантите жртви да пријавуваат семејно насилство. Впечатокот е дека судовите во Гостивар го штитат насилникот, а не жртвата.
Важно е да се напомене тука дека истите пресуди постојано се укинуваат од страна на Апелациониот суд Гостивар и со тоа сторителот останува не казнуван при што е придонес за секундарна виктимизација за лицата кои пријавуваат семејно насилство, се наведува во реакцијата на граѓанската органзиација
Дополнително, ваквите апсурдни пресуди со неколку месечни затворски казни кои пак „паѓаат“ пред гостиварска апелација ја зголемува недовербата во институциите. Освен тоа, во конкретниот случај, сторителот е полициски службеник што го крева рангот на сериозност, кога во МВР се вработени лица кои наместо да ги штитат граѓаните, истите се сторители на кривични дела, се вели во острата реакција на организацијата, која бара максимална казна на полицеаецот Димовски.
Со оглед на фактот што овие кривични дела се вршат при семејно насилство, а и самиот сторител е повратник кој повеќекратно ги извршува овие кривични дела, апелираме Апелациониот суд Гостивар да ги вреднува како облигаторни отежнувачки околности при одмерување на казната, бидејќи само на тој начин ќе може судот да тргне од правилна појдовна основа во процесот на финално одмерување на казната, се наведувап онатаму во соопштението
Последниот „чин“ на насилство Јовицоска го прикажа и на Телма телевизија и тоа токму во судско-обвинителската зграда во Гостивар. Насилникот полицаец Димовски заедно со татко му нагрна со тупаници кон поранешната партнерка и нејзинот татко. Епилогот е тој 4 месеци, а таткото соучесник условна казна. Институците имаат полни раце работа со шестте кривични пријави и судски процеси против полицаецот Димовски, а тој, пак, на повиците на Телма телевизија најави дека дека идната недела ќе ја каже својата верзија за сите настани и судски предмети.
Павле Беловски