Вести Македонија

Поради лошото време вчера вечер шлепер излетал од патот во Крива Паланка

Поради локалното невреме што синоќа ги зафати Крива Паланка и околината, во кривините кај месноста Просеченик се излизгал шлепер со албански регистарски ознаки и излетал од патот.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека настанот се случил синоќа, околу дваесет и два часот и четириесет минути, за време на невремето проследено со грмотевици и силни електрични празнења.

-Нема настаната поголема материјална штета, а возачот е во добра состојба, додека во моментов се работи на отстранување на шлеперот од делот покрај патот, полициски службеници се на теренот и го регулираат сообраќајот. Toj не е во застој,но треба да се вози внимателно, посочи портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе