Вести Македонија

Денес во Собранието:Седница на две собраниски комисии и седница на пратенички прашања

Во Собранието денека седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Предлог на законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба, Предлог на законот за изменување на Законот за судска служба и Предлог на законот за изменување на Законот за извршување на санкциите, сите по скратена постапка, се на дневен ред на 140. седница на Законодавно-правната комисија и 45. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

Денес треба да се одржи и 83. седница на која пратениците ќе поставуваат прашања до членовите на Владата.Почетокот на седницата е предвиден за 11 часот.

Седницата со пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе