Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница ја донесе Одлуката за определување локации за поставување урбана опрема, подвижни објекти, апарати и други направи во Градскиот парк Скопје, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар.
Како што соопшти Град Скопје, со одлуката се предвидени 15 нови локации, од кои во Градскиот парк три локации, во Гази Баба, исто така, три, во СРЦ Сарај четири локации, во „Рајски парк“ во Ново Лисиче две локации и на кејот на реката Вардар три локации. Станува збор за урбана опрема и поставување подвижни апарати на предложените локации, што ќе овозможи да се зголеми посетеноста на наведените локалитети.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.