Вести Македонија

Дигитализација на мали и средни компании во Македонија

Новоформираниот центар за дигитална трансформација „Go digital“ ќе им помага во дигитализација на микро, малите и средни компании на кои им недостигаат дигитални вештини, кои би им помогнале да бидат видливи и конкуренти на глобалниот пазар.  Центарот е основан е од бордот на „Македонија 2025“ и е  непрофитна организација, а целта е да се создаде екосистем кој ќе ја поддржи дигитализацијата.

Директорката и коосновач на „Go digital“, Никица Мојсоска-Блажевски, изјави дека дигитализацијата е една од клучните области за економски раст и развој, а недостигот на ваквиот систем може да претставува предизвик за истите.

“Има мали обиди за поддршка на дигитализацијата на компаниите, но тие не знаат што може да направат и кои се придобивките и немаат со кого да разговараат и за финансирањето за спроведување на дигиталната трансформација.”, порача Мојсоска-Блажевски.

Васко Кроневски, коосновач на Центарот истакна дека си поставиле амбициозна цел на среден рок. Имаат визија да успеат во создавањето на екосистемот во кој ќе има поддршка во планирањето на дигитализацијата на малите и средните претпријатија, но и во имплементацијата на конкретни проекти за дигитализација и помош во нивно финансирање.

Главната цел на ова организација е да им помогнат на успешните мали и средни претпријатија да ја зголемат својата конкурентност преку примена на дигитални алатки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе