Вести Македонија

Се води постапка ученикот од Влае да биде преместен во друго училиште

За ученикот кој вчера претепал наставничка и нападнал неколку деца во основното училиште Димо Хаџи Димов во Влае се води постапка за да биде преместен во друго училиште велат извори на Телма. Родителите пак гневни на ситуацијата поднеле петиција до директорката дека од денес нивните деца нема да посетуваат настава се додека не се реши проблемот. Надлежните од училиштето велат дека денеска имале настава, но со оглед на тоа што денес им беше скратена наставата дел од учениците биле присутни, а имало и такви кои биле отсутни.Ученикот денеска според информации на Телма не дошол на училиште.

Инцидентот се случил вчера кога ученик во училиште во скопско Влае нападнал повеќе деца за време на големиот одмор. Кога дежурната наставничка по географија ги здогледала и сакала да ги раздели, тој ја турнал на земја, ја удирал по глава, и го фрлил мобилниот телефон и и се заканувал. Веднаш добила лекарска помош од Итната медицинска помош, а се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Случајот е пријавен во полициската станица Карпош. Ученикот е згрижен во групен дом.Тој е на возраст под 14 години и не може кривично да одговара. Известени се надлежните институции за социјални работи, а според извори на Телма во четврток или петок родителите ќе имаат вонредна средба на совет на родители за заедно да најдат решение.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе